„Најдобро решение е децата да си одат во училиште“ - граѓаните со поддршка за ставовите на Муцунски и Стефковски

По повторното отворање на темата во јавноста за затворање на училиштата и воведување онлајн настава заради енергетската криза, неколку градоначалници истакнаа дека ќе се погрижат учениците во нивните општини да следат настава со физичко присуство. 

На своите официјални Фејсбук страници, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, објавија дека категорично се против затворање на училиштата. 

Тие наведоа дека за да има здрави генерации стекнато квалитетно образование, единствен начин да се одржува наставата е со физичко присуство. Муцунски на Фејсбук напиша дека Општина Аеродром сите основни училишта ги опремила со фотоволтаици со што се зголемила нивната енергетска независност и значително се намалиле трошоците, а неколку училишта добиле енергетски ефикасни фасади.

Низа коментари од граѓаните следеа по неговата објава, со поддршка за ваквата одлука.

-Браво, секоја чест за градоначалникот. 

-Конечно нешто паметно.

-Вака размислува вистински човек за народот.

-Вистинска одлука и превземен менаџерски ризик кој е за пофалба! Браво! - се вели во коментарите. 

Стефковски пак, истакна дека онлајн наставата за време на пандемијата покажала дека нема задоволителни резултати од таквиот тип на настава, а ги потенцираше и проблемите кои се јавуваат заради неможноста на сите ученици да се вклучат на онлајн настава, подеднакво. 

Граѓаните го поддржаа Стефковски во неговиот став велејќи дека онлајн наставата ги „осакатува“ децата.

-Најдобро решение е децата да си одат во училиште

-Точно така. Сведоци сме и искусивме дека децата буквално ништо не научија од материјалите дома освен како да мамат и да избегнуваат одговорност. А за времето оред екрани ич да не зборуваме. Училиште само со физичко присуство! Децата треба да се социјализираат и дружат. А тие се приоритет!!!

-Поддршка Градоначалниче, наставата во училиште не може да ја замени Онлајн! Децата неписмени ќе ни останат! - велат граѓаните во своите коментари.