Најдобрите ученици и спортисти од Карпош ќе добиваат стипендија од општината

За да ги мотивира основците од десетте училишта на своја територија, општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици – спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 3.000 денари месечно, за четири месеци во текот на учебната година. Заинтересираните кандидати, кои аплицираат за огласот за талентирани ученици, потребно е да ги исполнуваат следниве услови: 

  • Да се жители на oпштината Кaрпош,
  • Да се редовни ученици во VIII и IХ одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Карпош
  • Да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI до VIII, односно IX одделение од најмалку 4.5
  • Да имаат освоено I, II или III место на натпревари.

Заинтересираните кандидати, кои аплицираат за огласот за талентирани спортисти, потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се жители на oпштината Кaрпош (адреса на живеење),
  • Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во VIII или IХ одделение во општинските основни училишта од подрачјето на општина Карпош.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 15.09.2022 година.