Најдобриот природен лек против мигрена

Мигрените предизвикуваат интензивна болка, а оние кои се соочиле со ваков проблем, ќе ви кажат дека тоа е повеќе од обична болка.

Освен болката, мигрените предизвикуваат слабост во телото, а за многу луѓе носат и дополнителни мачнини, како повраќање, чувствителност на светлина и интензивни звуци и потреба да бидеме во темна и тивка просторија.

Апчињата за спречување на болката се првото нешто по што посегнуваме кога се соочуваме со главоболка, но често тие и не се толку ефективни кога станува збор за мигрените. Но, некогаш ефективни се и природните лекови, кои го опуштаат телото и ни помагаат да се ослободиме од таквата состојба. 

Еден од нив е сокот од лимон со хималајска сол.

Потребни состојки:

½ лажица хималајска сол

2 лажици лимонов сок

200 мл вода

Измешајте ги сите состојки  и пијте ја течноста полека. Ако не ви се допаѓа вкусот, можете да засладите и со малку мед.

Зошто е добар овој природен лек?

Хималајската сол ги рехидрира клетките, богата е со електролити, минерали и хранливи состојки. Лимонот е богат со витамин Ц и ги спречува воспаленијата, го намалува заморот, анксиозноста и тензијата.

Пробајте ја оваа комбинација и забележете како болката ја снемува за 30 минути.