Најдобриот и истовремено најлесен рецепт за домашна баклава

Доколку не сте правеле баклава досега или едноставно сакате промена на старите вкусови, веќе го читате совршениот рецепт.

Состојки:

500 г кори

4 јајца

200 г шеќер

1 прашок за печиво

1-2 лажици презла

200 г мелени ореви

200 мл масло

За подготовка на шербет: 600 г шеќер и 600 мл вода.

Подготовка:

Се матат убаво јајцата со шеќерот се додека не постигнат соодветна густина. Потоа се додаваат сите останати состојки (прашокот за печиво, презлата, мелените ореви и маслото) и се меша со лажица.

Тавата за печење ја припремаме така што ја мачкаме со масло. Редиме неколку кори (околу 3-4), па над најгорната размачкуваме од филот, по што повторно редиме неколку кори, потоа повторно размачкуваме од филот и така продолжуваме додека не се доредат сите кори. Пред печење ја сечиме на парчиња и најгорната кора од наредената баклава ја попрскуваме со малку масло.

Печеме на температура од 200оС, се додека не добие убава златно жолта боја. На крај, се остава да се излади.

Шербет: Ги ставаме шеќерот и водата на оган, да вријат околу 10 - 15 минути.

Ладната баклава ја потураме со врелиот шербет и ја оставаме да стои неколку часа (5-6 часа), по што е спремна за дегустација.