Најдобриот дел од денот за земање витамин Д

Витаминот Д е клучен витамин за нашето здравје.

Но, за жал, многумина од нас не го земаат во доволни дози. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од луѓето не земаат витамин Д во дневно препорачаната доза (400 UI) преку нивната исхрана. Затоа и тој најчесто се зема како суплемент. 

Причината за тоа е што освен сончевите зраци, не постојат доволно природни извори преку кои би можеле да го внесеме овој витамин во нашето тело. Иако можеме да го внесеме преку сончевите зраци, сепак тоа е невозможно особено во текот на зимските денови, кога ретко имаме сонце.  Затоа и докторите препорачуваат тој да се зема дневно како суплемент, но во консултација со вашиот матичен доктор.

Но, кога е најдобриот дел од денот за земање витамин Д?

Овој витамин најдобро се апсорбира во телото во комбинација со добри масти, како што е маслиновото масло, авокадо, ленено семе или пак други продукти кои содржат омега 3 масни киселини. Затоа, земањето витамин Д на празен стомак на почеток на денот не најдобра идеја.

Но, доколку на етикетата стои дека како суплемент содржи добри масти, тогаш не морате да го земате со храна или пак да се грижите дека го земате на празен стомак, бидејќи како таков веќе ги содржи добрите масти.

Дополнителни истражувања покажуваат дека тој придонесува и во лачењето мелатонин кој го регулира сонот и ни помага подобро да спиеме во текот на ноќта. Од друга страна пак, експертите истакнуваат дека недостатокот од овој витамин негативно влијае на спиењето и на квалитетот на сонот. Затоа, за некои лица можеби е добра одлука тој да се зема попладне или во вечерните часови. Сепак, ова истражување е во тек и нема докажани податоци кои се потврдени од нутриционистите и докторите.

Сумирано, витаминот Д може да го земате во било кое време во денот, но со комбинација на добри масти.