Најави за пороен дожд и грмежи наскоро - еве какво ќе биде времето во следните неколку денови!

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер кој ќе биде со умерен, а наместа повремено со силен интензитет.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се движат од 27 до 36 степени Целзиусови.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога повремено ќе надминува брзина од 50 km/h, додаваат од УХМР.