Најави за денеска: Без струја и вода делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (23.05.2022 година) поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија без напојување ќе останат:

  • во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од село Ласкарци (општина Сарај);

  • во период од 08:30 до 15:00 часот дел од ул. Антон Попов, ул. Фрушкогорска, дел од ул. Христифор Жефаровиќ (општина Гази Баба);

  • во период од 09:00 до 13:00 часот дел од објектите во потег од џамијата до општината, ул. 2 во Студеничани;

  • во период од 09:00 до 14:00 часот дел од ул.23 и дел од ул. Христо Татарчев во делот од ул. 23 до новиот кружен тек кон сончев град (општина Кисела Вода и Сопиште).

    Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради промена на два шибери од ф150 мм и ф300 мм на ул.Московска бб ( кај Студентски Дом “Гоце Делчев“ ), со прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе бидат корисниците на ул.Московска до завршување со санација на дефектот.