Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат:
- од 10:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на новата зграда Биси на ул. Козле (општина Карпош)
Во вторник (14.01.2025) без струја ќе останат:
- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Димитар Илиевски Мурато и ул. Тодор Чангов (подулици бр: 49. 51 и 53, општина Аеродром).
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, известува дека во понеделник:
- поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул. Партениј Зографски бр 23, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица (општина Центар).