Најавени блокади на сообраќајот во Ѓорче Петров

Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров најави блокада на сообраќајот во сабота, 27 февруари, поради усвоениот детален урбанистички план од страна на Општината.

Групата ентузијасти кои секојдневно се борат да задржат што повеќе зелени и слободни површини на територијата на општината, со фејсбук-настан најавија блокада на кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле, кој е многу прометен, бидејќи поврзува значајни патни правци. 

Блокадата е најавена за 27 февруари 2021, во 12 часот.