Најавена реконструкција на сите пешачки патеки во населеното место Скопје-Север

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во објава на социјалните мрежи најави реконструкција на сите пешачки патеки во населеното место Скопје-Север.

„Реконструкција и уредување на пешачките пристапни патеки до сите станбени единици во Скопје Север. Со павер елементи ќе се реконструираат влезовите на станбените единици а исто така и главните пешачки патеки на улиците Боро Менков, Гоце Стојчевски, Лазо Москов и улицата Тале Христов“, најави Костовски.

Исто така додаде дека на неколку локации ќе се направи и парковско урбано уредување со ново зеленило, нови клупи и патеки.

„Рамномерен развој на општина Бутел е наш приоритет. Граѓаните заслужуваат подобри услови“, порача градоначалникот.