Најава за прекини на струја и вода во повеќе општини во Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје по претходно известување од ЕВН и ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје посочува дека во текот на утрешниот ден поради планирани прекини на електричната енергија и поради зафати во водоводната мрежа без струја и вода ќе останат делови во неколку скопски општини.

Поради планирани прекини без струја ќе останат следниве корисници:

- Во период од 09:00 ч до 15:00ч дел од с. Сарај кај трговскиот центар о. Сарај

-  Од 12:00ч до 15:00ч дел од ул. Париска бр.5 и ул. Букурешка бр. 21,19,17 и 15 о.Карпош

Поради дефекти и планирани зафати од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека следниве корисници ќе останат без вода:

- Утре ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување (општина Сопиште).

- Исто така поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  08:30 часот  до завршување со работните активности. (општина Гази Баба).

- Во текот на утрешниот ден поради изведување на водоводен приклучок ф100мм на улица МаџирМаало бр.15 ( населба Маџир Маало – Центар ), прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат дел од корисниците на ул.Охридска ( потегот од ул.Петричка до ул.Ѓуро Ѓоновиќ ) до завршување со работните активности.( општина Центар).