Надлежните ќе бараат решение за скапата терапија за пациентите со цистична фиброза

Владата на вчера одржаната владина седница ја разгледа Информација од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со Цистична фиброза.

Заклучено е Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок, со цел доставување предлог решение.
 
Владата, на истата седница, донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ - Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.