Надлетуваат хеликоптери - голема полициска акција во скопско и кумановско

Утрово се извршува голема полициска акција во Лојане и Скопје, дознава Канал 5.

Граѓани јавуваат дека акцијата ја спроведуваат специјалните единици на МВР, а полициските хеликоптери од рано наутро постојано ги надлетуваат местата во кои се извршува акцијата/.

Како што дознава Канал 5, уапсена е поголема група на криумчари на мигранти, а акцијата уште се трае.