Над 76 милиони евра ќе тежи следниот антикризен пакет, велат од СДСМ

Од владејаќката СДСМ преку соопштение порачаа дека над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза. 

-Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка и помош како за граѓаните, така и за компаниите, се наведува во денешното соопштение од СДСМ. 

-И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните, порачуваат од СДСМ.