Над 60% од Македонците ќе излезат на Референдумот, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш потсетија дека, како што велат, Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е коренот на сите проблеми и негаторската политика кон Македонија.

-Договорот со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентите и историја од страна на Бугарија. Врз основа на него се повикува и Протоколот која антимакедонската СДС неодамна го усвои. За да се избориме со неправдите најдобро е да се удри по нејзините корени, а тоа е Договорот со Бугарија кој ги содржи најшовинистичките избливи кон Македонија. Токму затоа референдумското прашање го напаѓа законот за ратификување на Договорот со Бугарија кој е усвоен во собранието и за кој што правно може да се организира референдум, а не францускиот предлог кој е надлежност на владата и само во еден негов дел се темели на Договорот со Бугарија, се наведува во денешното соопштение од партијата. 

- Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според нашите истражувања над 60 проценти од Македонците би излегле да гласаат на истиот. Затоа е важно, власта да не го опструира бидејќи народот е тој кој што треба да одлучи, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.