Над 50 „легнати полицајци“ се поставуваат низ Бутел

 

Денес почна поставување на сообраќајна опрема во општина Бутел за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

-  Во соработка со жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци, на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места и тоа Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Бутел 1, Скопје Север, Бутел 2 и Визбегово, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

- Поставувањето на нови таканаречени легнати полицајци е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Ова е уште едно предизборно ветување кои го дадовме пред граѓаните и во континуитет го реализираме, додава Костовски кој е кандидат з ауште еден градоначалнички мандат.