Над 200 санкции за брзо возење во земјава за еден ден

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената,  санкционирани се 218 возачи.

Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Како што соопштија од МВР, 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.