Над 150 санкции во сообраќајот во Скопје за еден ден

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.

Како што соопшти утрово МВР, изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за непрописно престројување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

ОД МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот