На Табановце се чека еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце чекањето за влез и излез од државата е околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата чекањето е околу 30 минути, соопшти Автомото сојузот.

На граничните премини, од македонска страна, како што посочуваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.