На светот не му требаат копии, туку оригинали: Нашата сила се крие во нашата храброст да бидеме она што сме

Не мораме да бидеме ништо друго и никој друг. Доволно е да сме ние самите.

Живееме во ера на социјални медиуми, кога многу вредности се изместени и постојат одредени очекувања од луѓето. Така, голем дел одлучуваат да станат дел од толпата со цел да бидат прифатени, но во таквиот процес губат дел од себе.

Не е проблемот во тоа да сме слични со другите луѓе, но зошто да ја губиме својата автентичност мислејќи дека треба да бидеме исти како некој друг?

Во денешно време е храбро да се биде свој. Да се верува во себе, да постои мир со она што го мислиме и правиме без постојана потреба за тоа да добиеме одобрување од другите. 

Сите сме единствени на свој начин и тоа е убавината на овој свет. Затоа треба да бидеме горди на себеси, на она што го носиме во себе и да не се плашиме да го споделиме тоа со светот. На светот не му требаат копии, му требаат оригинали. 

Затоа правете го она што ве прави среќни, бидејќи само така ќе живеете исполнет живот. Не е тешко, само дел од нас имаат заборавено на тоа.