На сметка месецов треба да легнат и парите од редовниот поврат на ДДВ

По исплатата на повратот од Викендот без ДДВ, Управата за јавни приходи ќе ја почне обработката на налозите за повратот од МојДДВ за третото тримесечје, по што ќе започне и исплатата на тие средства на граѓаните.

По овој основ кај граѓаните на сметките ќе бидат префрлнеи речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците на Управата за јавни приходи, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари. На граѓаните за ова тримесечје ќе им се врати, односно исплати околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Од УЈП наведуваат дека трговците и давателите на услуги се должни да ги означат одделат правилно македонските добра и услуги од останатите добра и услуги во фискалните апарати, а издадената фискална сметка задолжително да го искажува прометот од сите македонски производи и услуги.