На следната седница на Град Скопје ќе се одлучува за хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Турција

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази сочувство за настраданите во земјотресот во Турција. 

-Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газиантеп, Р.Турција.До градоначалникот на Газиантеп испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно. Градот Скопје е град на солидарност кој никогаш нема да ја заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ, порача Арсовска. 

До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес, додава таа.