На шопинг и прошетка во Белград за само 1 600 денари

Повторно актуелни еднодневните тури до соседството.

По шопинг-турите во Солун, се поатрактивна дестинација за македонските туристи за еднодневна прошетка станува Белград. Туристичките агенции нудат поволни аранжмани, па така по цена од 1600 денари може да прошетата низ српската престолнина и да пиете кафе на „Кнез Михајлова“.

Во цената од 1600 денари е вклучен превозот, организацијата и водството, а аранжманот нуди панорамски разглед на градот, посета на ИКЕА или шопинг во UŠĆE Shopping Center.

За влезници во култорно-историските споменици ќе мора дополнително да одвоите пари.

Агенциите веќе имаат понуди и за продолжениот викенд на 23. октомври за соседна Србија, но доколку се одлучите за дводневна тура тоа ќе ве чини поскапо. Зависно од агенцијата, дво или тридневните аранжмани со појадок се околу 90 евра или над 4 500 денари.