На различни локации во Скопје изгореа четири возила

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило - комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило - комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје.

Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.