На подрачјето на Скопје 10 лица уапсени за дрога за еден ден

Вчера и денеска после полноќ се апсеше за дрога во Гази Баба, Карпош и на Бит Пазар.
-На 04.12.2022 околу 14.35 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 05.12.2022 во 01.25 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
-На 04.12.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(19) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана..
-На 04.12.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(26) од с.Копаница, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 04.12.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и други предмети.
-На 05.12.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-На 04.12.2022 во 19.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.Т.(19) од Скопје и С.С.Х.Ш.(20) од Велес затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
На 04.12.2022 во 20.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(22) и Д.Н.(29), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.