На овие горештини, се палат и горат и возила во движење

Возило во движење денеска се запалило, додека возело по улица во Кисела Вода.

За среќа, навреме е тргнато настрана од коловозор. Интервенирале полицијата и противпожарните екипи.

Од овие летни горештини, почнаа да се палат и возила во движење. Брзата интервенција на полицијата и пожарникарите спречи да се случи многу поголема катастрофа.