На неколку локации во Карпош поставени решетки за собирање на атмосферски води

На барање на жителите, на улиците Крчин, Ванчо Мицков, Загребачка и раскрсницата на улиците Јуриј Гагарин и Козле во Карпош поставени се решетки за собирање на атмосферски води.

Овие висококвалитетни монолотни решетки имаат за цел да спречат поплавување при поројни дождови на улиците кои важат за критични точки, велат од локалната самоуправа.