На мостот на Вардар го нема панорамското тркало, но поставени се трафики за продажба на книги

После 6 години откако почна да се гради мостот на кој требаше на има панорамско тркало, тој конечно е готов и до крајот на месецов откако ќе добие технички прием ќе биде пуштен во употреба, пренесува СДК

Со тоа конечно и кејот на реката Вардар ќе биде прооден за пешаци и велосипедисти откако во 2014 година беше заграден заради градежните работи.

На мостот го нема панорамското тркало, но поставени се три трафики кои како што објаснува градоначалникот Петре Шилегов ќе биде наменети за продавачите на книги кои ќе се дислоцираат од Плоштад Македонија.

 

Фото: СДК