На местото на депонија и планирана зграда во Скопје, ќе се градат паркови

Две големи скопски општини ќе добијат нови паркови.

Оваа работна недела официјално беа потвреди овие убави вести за скопјани.

Имено, во Ѓорче Петров, на местото на некогашната депонија во Ново Село, започнува изградбата на првиот мега парк, еден од вкупно петте кои беа ветени во програмата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. 

Истиот ќе биде на површина од над 30.000 м2, во должина од 17.534 квадратни метри, а за пешачки патеки предвидени се 13.366 квадратниетри. Во план е и засадување на над 2.250 садници.

-Општина Ѓорче Петров во соработка со Градот го реши деценискиот проблем на жителите на Ново Село и околината. Граѓаните конечно ќе ја добијат новата ветена зелена зона за рекреација, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, споделувајќи ја убавата вест.

Парк ќе се гради и во Реонски центар во Аеродром.

Со бришењето на градежните маркици, наместо згради и станбено-деловни објекти, Аеродром добива нов парк од 6000м2.

Скопјани ги поздравија овие вести. Велат, на Скопје, му се поребни повеќе зелени површини кои освен што ќе го прочистуваат воздухот, ќе бидат и одлично место за рекреација и одмор на сите генерации граѓани.