На крајот останувам само јас...

Можам некое време да се кријам од туѓите погледи, но еднаш ќе морам да погледнам во себе.
Можам некое време да се кријам од огледала, но еднаш ќе морам да го видам својот вистински одраз.
Можам некое време да се кријам со шминка и гардероба, но еднаш ќе морам да ја симнам шминката и облеката од себе.
Можам некое време да се кријам зад ѕидови и огради, но еднаш ќе морам да ги напуштам сите ѕидови и огради и да излезам на отворено.
Можам некое време да се кријам зад своите дипломи и кариери, но еднаш ќе сфатам дека хартиите и кариерата не можам да ја носам со себе.
Можам некое време да се кријам зад други луѓе, но тие нема засекогаш да бидат тука.
Можам некое време да се кријам под јорган, но еднаш ќе морам да го тргнам од себе.
Можам некое време да се кријам од денот и ноќта, но тие сепак доаѓаат и си одат.
Можам некое време да се кријам во своето тело, но тоа нема засекогаш да биде тука.
Дојде времето кога повеќе не можам да се кријам.
Што останува?
Сега останувам само јас.
Сега останувам само јас, во Светлина или Мрак.
Сега останувам само јас, во Љубов или Страв.
Сега останувам само јас, во Мир или Немир.