На клупите на Кеј остатоци од храна, а на 2 метри корпи

Канти за отпадоци има, се чисти секој ден, а сепак Скопје е со ѓубре. Очигледно изостанува културата. 

Ова го констатира и еден твитерџија: 

-Клупи на кеј ... помеѓу даските остатоци од храна најверојатно купена од Тетекс. А на 2м (буквално) корпи. Знаете кога ќе влеземе во ЕУ? Никогаш. 

Иако секој ден скоро чистат. А кога дува ветер сѐ оди доле на кејот крај Вардар. Исто е и преку улица, кај Пласет. Јадат на ѕидчињата, оставаат остатоците ко да се во кафана и си одат. Паѓа доле сѐ, а до нив има цел ред контејнери, коментира друг твитерџија.