На Клиниката за ортопедија за прв пат операција за замена на подлактица со тумор со коска од починат донор

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ било оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица.

Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава, велат од министерството. 

Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број  пациенти.