На кафе со д-р Драгана Емел Маркоска

Педијатар. 

Како изгледа едно утро на Драгана Емел Маркоска? Дали имате некои утрински ритуали?

Секое утро ми започнува со будење и спремање на моите две мали деца за во градинка. Во викендот ние исто така сме станати многу рано, некаде околу 6,30 часот. Колку и да сакам да имам некакви ритуали тоа е малку тешко бидејќи моите деца се ранобудни. 

Koja e вашата асоцијација на скопско утро?

Мир, тишина, зеленило.

На Скопје му недостасува…

Му недостасуваат најмногу паркови и зеленила, со еден збор места за прошетка, за дружење на отворено.

Скопје во само три збора. 

Рекорд, Водно, Матка

Доктор Маркоска, како и колку влијаеше оваа страшна пандемија врз вашето секојдневие, работни обврски како педијатар?

Моето секојдневие не е многу различно пред и сега во текот на пандемијата. Нашата ординација работи во текот на целата пандемија, прегледите се обавуваат тековно, со доза на многу поголема претпазливост но сепак се обавуваат. Можеби е зголемен бројот на повици во текот на денот кои одземаат понекогаш и неколку часа од времето кое е предвидено за одмор, но што е тука е мора да помагаме колку можеме.

Според вашето лично искуство, како Covid-19 влијае врз здравјето на децата? Дали имавте позитивни пациенти и дали кај некој се разви посериозна клиничка слика?

Досега скоро сите пациентчиња што беа позитивни на вирусот беа без особено компликации. Ретко се случува да развијат потешка клиничка слика децата.

Какви се симптомите кај децата? На што да внимаваат родителите?

Најголемиот проблем особено кај дечињата е дека симптомите се општи. Нема специфични симптоми и ние тоа им го кажуваме на родителите. Иако им личат симптомите општи сепак да бидат претпазливи, при појава на било какви симптоми да се консултираат со матичниот педијатар на детето.

Се погласно се зборува за компликации кај децата кои биле во контакт со вирусот, а  до пред извесно време се веруваше дека децата не се во ризик и лесно го поминуваат вирусот, многумина од нив и без никакви симптоми.

 Кои се вашите сознанија, на оваа тема?

Точно е тоа дека се појавени компликации после прележување на вирусот но таа бројка е многу мала споредено со компликациите кај возрасните.

Докторка голем е бројот на децата што буквално се затворени дома, не посетуваа градинка, училиште, не се дружат со своите врсници, ретко изгледуваат надвор. Како ова влијае на нивното здравје? Дали препорачувате прошетки надвор и можеби некакви суплементи поради долгиот престој во затворен простор и ограниченото движење?

Пандемијата освен што лошо влијае на физичкото здравје на луѓето децата таа многу полошо влијае на менталното здравје на децата. Овој да го наречеме нов начин на живот многу влијае на дружењето на децата, на текот на нивната настава, на долготрајниот престој пред компјутер за училишните деца, тотално е променет начинот на живот на децата. Сега за сега оваа промена наликува на лоша промена но сепак времето ќе покаже.Се препорачува престој на отворено, кога не може да се дружат со своите врсници барем надвор да трошат дел од својата енергија, да уживаат во сончевите зраци. А од суплементи освен витамин Д3 и омега масните киселини, за другите суплементи најдобро е да се консултираат со својот матичен лекар. Секако не треба да се заборави и  здравиот начин на исхрана.

Каков е вашиот став, дали во моментов е пожелно помалите дечиња да посетуваат градинка?

Заради многу сличната симптоматологија на сезонските вирусни инфекции и инфекцијата со SARS COVID вирусот се препорачува децата кои може да не бидат во градинка да не одат, со цел да им се помогне на оние родители кои се во навистина тешка положба.

Веќе една година товарот врз сите здравствените работници е навистина голем. Како вие се опуштате по долгиот напорен работен ден? Дали успеавате да најдете барем малку мир или телефонот ви е постојано активен?

Мојот работен ден трае многу долго, понекогаш и до 14 часа. Малку мир можам да најдам само во доцните ноќни часови, кога телефонот престанува да работи и кога децата се заспани. Е тогаш е време за малку мир, некогаш со некој убав пишан збор, некогаш со некоја убава музика, како и да е мора. 

Adidas shoes | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify