На иста улица во Аеродром, два случаи на каснувања од куче

Три случаи на каснување од куче се пријавени во Скопје, а два од нив се случиле на иста улица во Аеродром. 

Притоа, МВР известува дека:

На 24.01.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром Р.М.(49) од Скопје, пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна внука била касната од куче скитник.

На 24.01.2022 во 11.35 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ѓ.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„Жорж Бизе“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, но и дека на 24.01.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, Р.Е.(73) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански одреди“ била исто така касната од куче скитник.