На „Градиште“ се наплаќа мостарина 200 денари

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров на својот Фејсбук профил тврди дека за да се помине мостот кај Градиште, кој води до некоја од плажите треба да се плати 200 денари.

За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некоја од плажите на Градиште треба да им платиш 200 денари небаре нивни е мостот. Покрај тоа нивниот арогантен однос е на највисоко ниво. Не носење на никаква заштитна опрема (маска, ракавици) со што го загрозуваат здравјето на посетителите. Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка. И ти ставаат печат на рака како на животно пред колење. Како на пример во Ибица – Шпанија ни на една плажа не се наплаќа влез, ниту пак паркинг за кола, затоа секогаш е преполно. Од каде ваква дрскост некој да ти го ограничи правото на движење, пишува во објавата Зафиров.