„На гости сте во Охрид, не шетајте по улициве како вие да го ослободивте градов“ - Охриѓани со отворено писмо и низа правила за туристите

Ривалството меѓу охриѓани како домаќини и скопјани како туристи продолжуваа и оваа година! 

Во фејсбук групата „охриѓани“ се појави отворено писмо до сите туристи кои сакаат да уживаат во македонскиот туристички бисер!

Писмото со „охридските правила“ ви го пренесуваме во целост, на изворен охридски дијалект: 

Сакаме да ни сте на гости, ама и кј нас важет правила и закони. Не значит дека сте на одмор да мојте да прајте шо сакате..

- Како прво, ак ти е скап, ич не идај!

- Не сте во Грција, ако пцуете ве разбираме 

- За ѓубре во Охрид имаме канти или контињери, не се остават кј годе..

- Скара се прајт дома, не на плажа, а пајнци, лајци и виљушки се мијет дома со сјај а не во езерово! 

- На плажа се ојт и со автобус, КАЈЧЕ ОД БОБАН НАУМОСКИ или такси, неморат со си кола во вода да влезите.

- Охрид и плажите не се паркинг па да си ја остајш колата кј шо ти прднало..

- Четири жмигавци не значит дека мојш да застаниш секаде.

- И во Охрид имаме маркети, продавници, кафичи и ресторани, па неморат све да носите од дома.

- Се капит дома со шампон, не во езерово.

- Водава е крстена за Водици, сега џабе полните шишиња за дома.

- Неморат секоја вечер да урлате до сабајле по тераси, и дома така да прајте ќе ви викнет полиција.

- Нокти се сечет дома, не на плажа!

- Се мочат во вц, не во езерово.

- На гости сте во Охрид, не шетајте по улициве како вие да го ослободивте градов.

- Не прајте се попаметни од Охриѓани, во својот град сме 

- Охриѓани и Охриѓанки се најубај

- Охрид најубав град, Македонија цела да е, Ве сакаме - гласи писмото кое несомнено е со несериозен призвук, бидејќи во спротивно скопјани би била навредени!