На големо задоволство на публиката: „Дуран Дуран“ ќе имаат концерт во Македонија!

Еден од најлегендарните британски бендови „Дуран Дуран“ најави дека Македонија ќе биде дел од нивната европска турнеја.

Во рамки на нивната претстојна турнеја низ Европа, тие ќе настапат во Италија, Данска, Холандија и Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија како и во Македонија. 

Се очекува наскоро да бидат објавени точните датуми и локациите каде што ќе се одржат концертите.

Македонската публика сигурно со радост ќе ја дочека оваа вест, имајќи в предвид дека бендот подолг период немал концерт на Балканот.