
Родител сподели шокантно сведоштво на неговата ќерка, која раскажала откако се вратила од петдневна екскурзија.
Во објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) профилот со псевдоним „Гилмор од Мк“ раскажува дека неговата ќерка откако се вратила од екскурзија, раскажала како на некое дете во автобусот му падналае соленки, по што возачот застанал и почнал гласно да му вика на детето да ги собере, па му удрил шамар.
По трауматичниот настан за децата, учителката повикала полиција, која го привела возачот, а децата со учителката останале да чекаат нов возач.
„Ќере (11) се врати од 5 дневна екскурзија со траума. Кога се враќале, на некое дете му паднале соленките во автобус, шоферот застанал и почнал да му урла на детето на цел глас да ги собере по што и му удрил шамар!!! Учителката викнала полиција и го собрале па чекале нов шофер“, гласи твитот.
Ќере (11) се врати од 5 дневна екскурзија со траума.
Кога се враќале, на некое дете му паднале соленките во автобус, шоферот застанал и почнал да му урла на детето на цел глас да ги собере по што и му удрил шамар!!! Учителката викнала полиција и го собрале па чекале нов шофер.— Гилмор од Мк (@flojdovacha) May 11, 2026