
На 8 август 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки.
Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.
Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Почнувајќи од првите младешки музички успеси, Есма стана светски прифатена и призната.
Есма со својата песна и оригиналност стана лесно препознатлив македонски бренд во светот.
Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.