На децата до четврто одделение да им се забрани мобилен телефон, вели д-р Рајовиќ

Доктор Ранко Рајовиќ, специјалист по интерна медицина и магистер по неврофизиологија, за српски „К1“ зборуваше за масакрот кој се случи во „Владислав Рибникар“, каде што Коста Кецмановиќ застрела девет ученици и чувар на училиштето, но и за влијанието на социјалните мрежи и телефоните врз децата.

-Мозокот на децата станува поинаков. Наставниците и воспитувачите долги години предупредуваат дека секоја нова генерација што ќе пристигне во прво одделение е многу послаба од претходната. Тие се со послабо општо знаење, посебични се, емпатијата им е послаба. Ние во медицината добиваме одговори што се случува во мозокот на нашите деца, ние не бевме подготвени за тоа во училиштето „Владислав Рибникар“, иако се гледа дека нешто не е во ред со однесувањето на децата со години. Насилството меѓу врсниците е во пораст низ цела Европа, вели докторот.

Д-р Рајовиќ смета дека децата во виртуелниот свет убиваат луѓе и им ги кинат главите, а тоа влијае врз нивниот развој.

-Мозокот им е составен да прима и обработува информации. Пред 100 години, едно дете добива две важни информации во денот, дојде баба или ја подготвуваме шталата. Потоа се појавија радиото, телевизијата и сè останато. Поголемо количество на информации, поголема драма, а потоа и интернетот. Прво беше на компјутер, а сега е интегриран во телефонот. Треба да се забрани употреба на телефон на деца до четврто одделение бидејќи нема корист, туку само штета, вели докторот.

Доктор Рајовиќ кажа дека момчето кое пукаше во другарите и училишниот чувар во „Владислав Рибникар“ делувало како машина.