На 82-годишна старица од Скопје ѝ бил украден паричник во маркет - чесен пронаоѓач ѝ го вратил

Немилите настани, како што е кражбата на паричници се уште е секојдневие во главниот град. Секојдневни пријави во полиција, но ретко кога сторителот се пронаоѓа и ретко кога документите им се враќаат на сопствениците. 

Оваа приказна има сосема поинаков крај. 

Додека оваа старица пазарела во маркет, непознат сторител и го украл паричникот. Приметила кога излегла од маркетот и кога требала да се качи во автобусот. Случајот веднаш го пријавила и се јавила во банка за да ја блокира картичката. 

Македонсата позната музичарка Андријана Јаневска на својот Фејсбук профил го раскажа немилиот настан кој всушност ѝ се случил на нејзината свекрва.

„Денес нешто пред 10 часот на мојата 82 годишна свекрва Радмила Гиновска ѝ го снемува паричникот во супермаркет во Буњаковец. Веднаш се јавив во банка да ја блокираат картичката, но сепак, би било најдобро доколку некој од вработените во маркетот во Буњаковец или некој чесен граѓанин го пронајде паричникот да ме исконтактира во порака или на телефон. Свекрва ми била облечена во виолетова јакна, а паричникот бил ставен во црна платнена торбичка. Секој совет е добредојден. Јавување во полиција не е некоја опција бидејќи лани кога на татко ми му го украдоа паричникот во ЈСП и покрај сите документи кои ни ги побараа, ништо не се направи и човекот си остана без две пензии. Ви благодарам на сите.“

За кратко време Андријата повторно се огласила со статус на својот Фејсбук профил, каде кажува дека парчникот на нејзината свекрва е пронајден и бескрајно се заблагодарува на чесниот пронаоѓач. 

Сè уште постојат чесни и добри луѓе. Еден од нив е Hristo Hristov  кој го пронашол паричникот на свекрва ми и го однел во Стопанска Банка. Од срце Ви благодарам за Вашата добрина, како и на продавачката во бутик Бела во ТЦ Буњаковец која го известила Христо. Благодарност и до KAM MARKET кои направија сè во нивна надлежност. Паричникот и' бил украден непосредно откако излегла од маркетот. Свекрва ми има 82 години и иако е витална, не почувствувала кога и бил украден. Крадецот земал 1000 денари во кеш (толку имала), пробал да извади пари од банкомат, но за среќа картичката ја блокиравме уште веднаш бидејќи свекрва ми ми се јави во рок од 5 минути. Забележала дека нема паричник кога сакала да се качи во автобус. За среќа, крадецот не можел ништо да земе освен тие 1000 денари, па го фрлил паричникот. Уште еднаш голема благодарност до Христо и до сите кои дадовте совети и помогнавте.