На 27 мај Отворен ден за јавноста во Собранието

Собранието на Република Северна Македонија на 27 мај 2022 година ќе организира Отворен ден за јавноста, каде пријавените посетители ќе имаат можност да го разгледаат свечениот дел на собраниската зграда со физичко присуство.

Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија соопшти дека заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на тел. 02 3 182 227 или на e-mail: parl.inst@sobranie.mk, најдоцна три работни дена пред посетата.