
Од денеска малолетниците немаат право да возат електрични тротинети. Во спротивно, казните за нивните родители се високи, а може и да им се одзеде возилото.
Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.
При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото.
Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува.
Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.
На социјалните мрежи бура од реакции за строгата контрола! Додека едни го поздравија решението за поголем ред, други велат дека правилата се престроги.
- Секаде низ светот е над 16 години, само кај нас ригорозно, вели еден скопјанец.
- На 18 веќе ќе сакаат автомобил да возат, а сега имаат забрана за електичен тротинет, коментира мајка на тинејџер.
- Можеби треба над 16 години да е границата, и со опрема се разбира, гласи друг коментар.
- Сега за џабе им ги купуваа на децата...
- Нека ги возат низ патеки, а не низ фрекфентни улици и булевари...
еден куп повредени, дури има и загинати деца со скутери или тротинети и упорно и упорно им купуваат и даваат да ги возат. Ако некој рече полицијата не ги казнува, на полицијата не може да и се сони кое дете ќе добие скутер и денеска ќе излезе на улица. До свеста на родителите е
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) July 13, 2026
Кои дебили од нација сме сега им смета новиот закон за електрични тротинети а пред еден месец сите коментираја како не е регулирано и постојано се повредуваат малолетници кои не ретко завршуваат со тешки повреди па дури и смртни случаи
— Botanicar (@botanicarobt17) June 27, 2026
Што мода е ова на дете од 10 год. да му се дава кацига и тротинет и да вози како лудо по улица во 11 на вечер?! Родители ретардирани, ако направи беља со 40кмч мислите кацигата ќе го спаси ? Тешки простаци. Имам повеќе видено
— Alex Alex (@Alex90016A) July 7, 2026