На 17. и 18. јубилеен „Статуафест“ во центарот на Скопје

На 17 и 18 септември со почеток од 18:30 часот ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи и останатите „Статуафест – Скопје на улица“. Локацијата е добро позната, улица Македонија во центарот на Скопје.

Фестивалот е под покровителство на град Скопје, а дополнителна поддршка има од Театар за деца и младинци. Организатор на фестивалот е Зружението на граѓани ТимТеатроск.

По трите успешни фестивали кои ги изработивме во Р. Хрватска, поточно Хвар, Брач и Загреб еве се ближи и скопскиот Статуафест – Другото лице на улицата. Ова е петти јубилеен Статуафест кој Teatrosk го поставува на улиците на нашиот главен град попознат е како Градот убав, велат организаторите. 

-На овогодинешниот фестивал, како и минатата година ќе настапуваат исклучиво домашни артисти од причина што основна цел на нашата театарска компанија за улична уметност е да создадеме пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали, доминантно акцентирање на домашната продукција, па дури потоа следува селекцијата на оние артисти кои доаѓаат од другите земји ширум Европа и светот. Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на Статуафест ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност бидејки интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира артистите овој пат ќе бидат во сосем различни улоги, дополнуваат тие. 

Темата на овогодинешниот Статуафест – Другото лице на улицата е „Скопје на улица” односно што се прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или пак бавно низ улиците на нашиот град, во преносна смисла Статуафест ќе биде огледало на самите нас, какви сме всушност.