На 12 август нè очекува соларна еклипса во Лав: време за нов почеток и враќање кон себе

На 12 август 2026 година ќе се случи соларна еклипса во знакот Лав, која во астрологијата се поврзува со нови почетоци, лична храброст, креативност и потребата повторно да се поврземе со она што навистина го сакаме.

Photo by Karl Magnuson on Unsplash

Соларната еклипса се случува за време на млада Месечина, но во астрологијата се смета за особено силна верзија на новата Месечина. Таа отвора нов циклус и може да донесе пресврти во областите од животот каде што сме предолго останале во старите обрасци.

Еклипса во Лав — време да престанете да се криете

Лавот е знак на самоизразување, креативност, срце, љубов, радост, самодоверба и храброст да бидеме видливи.

Ова е период во кој многумина можат да почувствуваат потреба да направат нешто што долго го одложувале — да започнат креативен проект, да ја променат професионалната насока, да излезат од врска или ситуација што повеќе не ги исполнува, да се осмелат да бидат погласни или едноставно повторно да си дозволат радост. Но еклипсата во Лав не зборува само за внимание и успех. Таа зборува за внатрешното чувство дека имаме право да го живееме својот живот на свој начин.

Јас или другите?

Еклипсата во Лав ја активира и спротивната енергија на Водолија, па една од нејзините главни теми е односот меѓу личните желби и потребите на колективот.

Каде премногу се приспособувате?

Каде го намалувате сопствениот глас за да не се издвојувате?

Каде живеете според очекувањата на другите?

И каде е време повторно да го ставите „јас“ во сопствениот живот?

Нов циклус, но не (нужно) веднаш

Еклипсите често носат промени што се развиваат постепено. Не мора токму на 12 август да се случи нешто драматично. Понекогаш најважниот пресврт започнува како мисла која повеќе не можете да ја игнорирате.

Може да сфатите дека нешто сте надраснале. Да почувствувате желба што долго сте ја потиснувале. Или конечно да признаете дека животот што го живеете не е истиот живот што го сакате.

Еклипсата во Лав нè потсетува дека не сме тука само да функционираме, туку и да живееме, создаваме, сакаме и да оставиме простор за радост.

Најважното прашање е: Што би започнале ако конечно престанете да чекате некој да ви каже дека смеете?