МВР уапси дилери од Скопје и Битола

Полицијата извести дека синоќа во 22.10 часот полициска патрола во скопското село Брњарци ги уапсила  Б.Б.(19) и Е.Б.(24), двајцата од село Арачиново, затоа што при личен претрес кај нив е пронајдена марихуана.

Два часа претходно, на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир е уапсен Е.Љ.(19) од Скопје кој имал сокриено дрога во облеката.

Синоќа околу 22.50 часот на булеварот „Партизански одреди“ полициска патрола го уапсила Б.Ѓ.(23) од Битола кај кого при личен претрес е пронајдена марихуана.

Против четворицата уапсени полицијата најави дека ќе поднесе кривични пријави.