МВР со нова превентивна кампања „Носи кацига, вози внимателно“, но доволно ли е за безбеден сообраќај?


Одделението за превенција при СВР Скопје и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на подрачјето на ПС ОН Центар, продолжија со реализацијата на активностите во рамки на превентивната кампања „Носи кацига, вози внимателно“, чија што основна цел е внимателното и одговорно учество во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста.

Како што информира МВР, при реализацијата на кампањата, што е дел од оперативниот план “Безбедно лето 2022 “, беа реализирани средби и едукативни разговори со возачите на мотори и на електрични тротинети, а беа делени и летоци со едукативни содржини.

Основните пораки до учесниците во сообраќајот беа насочени кон нивно запознавање со законската регулатива од оваа област на сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, а во насока на општо зголемување на сообраќајната култура и безбедност.