МВР со детали за верижниот судир на „Партизански одреди“

Утрово се случи сообраќајна незгода во Карпош 4 во која учествувале три возила.

- Денеска (20.03) во 08.05 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Партизански Одреди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички моторни возила „опел астра“, „сузуки“ и „рено“ сите со скопски регистарски ознаки. До овој момент нема пријава за повреди лица, информира МВР.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.