МВР со детали за тешката сообраќајка кај Хиподром: Настрадаа четири лица

На 22.11.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, спроти насeлебата Хиподром, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(41) од село Долно Коњари, скопско и патничко возило „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(44) од село Агино село, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат ибица“, Б.Т.(47) од с.Агино село, а уште една сопатничка од возилото, А.С.(26) од истото село, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.