МВР со детали за сообраќајката во Скопје во која загина 24 годишна девојка

Едно лице го загуби животот вечерва во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.